Годишно акционерско собрание

Врз основа на член 22, 24 и 26 од Статутот на ТД МАКОШПЕД АД - Скопје и член 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Одборот на директори на ТД МАКОШПЕД АД Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за свикување на Годишно Собрание на акционери на Трговско друштво за меѓународна шпедиција, складишта, надворешно трговско работење, производство и промет Макошпед АД Скопје за 2021 година

    Се свикува седница на годишно собрание на акционери на ТД Макошпед АД Скопје за деловната 2021 година.
Седницата на годишното собрание на акционери се закажува за ден 20.05.2022година (Петок) во 12.00 часот, по пат на јавен повик, и ќе се одржи во Битола на ул. Краварски Пат бб.

    За работа на седницата на годишното собранието на акционери се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ ЗА 2021 година

ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

  1. Верификација на списокот на пријавени и присутни акционери или нивни полномошници;
  2. Избор на претседавач на Собранието;
  3. Согласно член 35 од Статутот на ТД МАКОШПЕД АД-Скопје, записникот ќе го води нотар;
  4. Усвојување на дневен ред по кој ќе работи Собранието.

РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување и усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи за 2021 година ревидирани од овластен ревизор со мислење и годишен извештај за работа на Друштвото
  2. Предлог-одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2021 година;
  3. Разгледување и усвојување на косолидираната годишната сметка и и консолидираните финансиски извештаи за 2021 година ревидирани од овластен ревизор со мислење и консолидиран годишен извештај за работење.
  4. Разгледување и усвојување на извештајот поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори за резултатите од контролата на работењето на Друштвото во 2021 година;
  5. Предлог-одлука за измена на Статутот на ТД Макошпед АД Скопје;
  6. Предлог одлука за продажба на недвижен имот;
  7. Годишен извештај на Службата на внатрешна ревизија на ТД Макошпед АД Скопје;
  8. Назначување на овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка,финансиските извештаи и консолидираната годишна сметка и финансиски извештаи на ТД Макошпед АД Скопје за 2022 година;

     Се повикуваат акционерите на ТДМакошпед АД - Скопје да присуствуваат на Годишното собрание на акционери за 2021 година.

     Секој акционер запишан во акционерската книга има право да присуствува на седницата и да учествува во работата на Годишното собранието со право на глас.

     Акционерот може да овласти, со уредно полномошно, свој полномошник кој ќе го претставува на Годишното собрание. Акционерот мора да го информира акционерското друштво по писмен или електронски пат за назначување на свој полномошник.

     Акционерот кој нема да го извести Друштвото дека дал полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.

     На Годишното собранието може да учествува акционер, или негов полномошник, кој своето учество ќе го пријави најдоцна до почетокот на одржување на седницата на Собранието.

     Пријавувањето за учество на Годишното собрание се врши со пријава во писмена форма, а за полномошникот во прилог на пријавата задолжително се доставува известување за присуство и полномошно.

     Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за превземање на акционерски друштва, полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање на полномошното/та од повеќе акционери, во рок од пет работни дена пред одружување на Собранието на акционери.

     Пријавата за учество на седницата се доставува на адреса ТД МАКОШПЕД АД - Скопје, ул. Македонија бр.19 Скопје - Сектор за заеднички служби или на е-маил: info@makosped.com.mk

     Годишното собранието одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневен ред.

     Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање на вклучување на нови точки доставено во писмена форма до Одборот на директори со приложено образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување на истите, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавување на овој повик.

     Материјалите за седницата на Годишното собрание на акционери ќе бидат достапни за секој акционер во просториите на седиштето на Друштвото на ул. Македонија бр.19 Скопје, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот и на официјалната интернет страница www.makosped.com.mk.

ПРИЛОЗИ

ОБРАСЦИ

Донесени одлуки